Димитров: Имаме историска шанса да станеме природни сојузници со Грција

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на Хеленската Република, Димитрис Јанакакис, кој му ги предаде копиите на акредитивните писма за негово именување за амбасадор на Хеленската Република во Република  Македонија, по подигањето на нивото на Канцеларијата за врски во Aмбасада, на 31 мај 2019 год, соопштија од МНР.

 Димитров изрази увереност во натамошно продлабочување, збогатување и интензивирање на односите меѓу двете пријателски земји. Го запозна соговорникот со постигнатите реформи и перспективите на евроинтегративните процеси на Република Македонија во контекст на очекувањата за добивање позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври. Во светло на Договорот на Преспа, МНР Димитров изрази очекување дека отворената поддршка на Грција за евроинтегративниот пат на Северна Македонија ќе продолжи и во оваа фаза од процесот, имајќи го предвид заедничкиот бенефит.

„Имаме историска шанса со мудра политика базирана на разбирање на соседот, да станеме природни сојузници.“ рече Димитров.

На средбата се разговараше и за имплементацијата на Преспанскиот договор, како и за развој на севкупната соработка во различни области со цел интензивирање и збогатување на соработката помеѓу двете држави. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега