Димитров: Холандскиот сенат го ратификува Протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

Информација на неговиот Фејсбук профил ја сподели министерот за надворешни работи Никола Димитров.

По добивањето зелено светло од Холандија, Протоколот за НАТО ќе треба да го ратификуваат уште Франција и Шпанија со што земјава и формално ќе стане 30 полноправна членка на Алијансата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега