Димитров: Францускиот предлог не нè носи кон членство во ЕУ

Никола Димитров во изјава за медиумите кажа дека францускиот предлог не нè носи кон членство на Европската унија (ЕУ).

 

Ние сакаме да ги почнеме преговорите или сакаме да ги завршиме преговорите и да влеземе во членство, затоа што не носи во едно тесно сокаче што е исклучително комплициреано, обременето со барањата на Бугарија, при што се прават преседани и за други држави кандидати што ќе следат после нас, оценува поранешниот вицепремиер.

Според него, проширувањето мора да биде врзано со реформи, бидејќи ако се вметне внатре билатерална желботека, се руши целата суштина. После се што поминавме како народ и нација, додава Димитров, заслужуваме европска преговарачка рамка, процес каде што ќе се натпреваруваме со другите од Западен Балкан, па и со Бугарија во однос на демократијата, слобода на медиумите, економијата,…

– Ние имаме еден геополитички момент во Европа каде се зголемува потребата од успех. За да се испорача на Украина и Молдавија, потребно е да се мрднат работите и на Западен Балкан, пред се, околу нас и околу Албанија. Меѓутоа не може тоа се на наша глава пак да се удри – земја која најмногу се испатила и се измачила чекорејќи по европскиот пат, вели Димитров. 

Прашан од новинарите за неговата работа како вицепремиер, и дали тој чувствува одговорност, Димитров нагласува дека неговиот ангажман се гледа во предлозите што доаѓаа во разговорите за надминување на спорот со Софија додека тој беше шеф на дипломатијата, односно вицепремиер.

– Предлозите не доаѓаат од небо, предлозите некој треба да ги изработи. Каков беше германскиот предлог, каков беше португалскиот предлог, и како за шест месеци од првата недела кога падна нашата нота до ОН, како стигнавме сега до ова дереџе, рече Димитров.

20.06.2022 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега