Димитров: Денешниот ден нека биде почеток на долготрајно пријателство меѓу Северна Македонија и Грција

Пред малку ги разменивме конечните вербални ноти: Преспанскиот договор влегува во сила, напиша на Твитер министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

– Нека денешниот ден биде почеток на долготрајно пријателство меѓу Грција и Северна Македонија. Не можеме да го смениме нашето минато, но можеме и ќе ја обликуваме нашата иднина на пријателство, партнерство и соработка, напиша Димитров на Твитер, откако Владата соопшти дека Преспанскиот договор стапи на сила. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега