Димитриевски во српски медиум за своето искуство со коронавирусот: Имаше многу политика и дворски игри

Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово за српскиот портал Слободна речзборува за сопственото искуство со ковид-19 и вели дека неговата приказна била исполитизирана.

– Бев позитивен на еден од тестовите заедно со моите колеги од општинскиот персонал. Имаше безброј шпекулации за ова прашање, бидејќи по повеќе тестирања, резултатите беа позитивни само во еден случај. До ден-денес има шпекулации на оваа тема, но прифаќам што ќе каже науката Немав никакви симптоми, ниту јас, ниту некој член на моето семејство, ниту други членови на персоналот, кои на тестовите беа позитивни. Во самиот случај, имаше многу политика, верувам и „дворски игри“, кои ќе бидат потврдени со време. Во тој период, како и денес, јас и моите соработници сме целосно посветени на борбата против вирусот и целосно сме во функција да ги заштитиме нашите граѓани – вели во интервјуто Димитриевски.

Димитриевски, пишува порталот има околу 37.000 следбеници на Фејсбук и околу 7.000 следбеници на Инстаграм. Тој е социјалдемократ со убедување и истакнат член на централно-левичарската партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), кој е на власт во Северна Македонија од 2017 година, по падот на режимот на Никола Груевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа