Димитриевски во Охрид: На Македонија и треба претседател кој ќе ги штити интересите на граѓаните


Караванот на претседателскиот кандидат од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски и денеска беше во охридскиот регион.

„Јас како кандидат за Претседател на државата којшто сака да го даде својот максимум за наша Македонија, заедно со членовите и претставниците од Движењето ЗНАМ вчера и денеска поминавме многу домови, се сретнавме со многу граѓани од Охрид и регионот. Проблемите се секаде исти во Македонија“, рече Димитриевски во обраќањето до медиумите.

„Во рамките на нашата програма и мојата програма како претседателски кандидат, Манифест за Македонија, има голем број на решенија кои ги нудиме. И ќе ги реализираме, нема да останат само зборови на хартија. Едно од најбитните е дека Македонија ќе добие Претседател од граѓаните, којшто нема да биде во функција на политичките субјекти, туку првенствено ќе ги штити граѓанските интереси. Со тоа што никогаш нема да дозволам да потпишам закон или каков било дргу акт којшто е спротивен на вољата на граѓаните и секогаш истиот ќе добие вето и ќе биде вратен на повторно разгледување пред законодавниот дом“,  рече Димитриевски и додаде дека тоа што граѓаните ќе дадат поддршка на еден ваков концепт, ќе значи дека ќе добијат претседател на државата од своите редови, човек којшто излегува од самите граѓани.

Човек кој не должи никому, ниту на еден политички субјект.

Тој рече дека Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија е мал политички субјект кој добил повеќе потписи во делот на подршката за неговата кандидатура, отколку што имал членови во тој момент и верува дека граѓаните ќе ја дадат нивната поддршка на денот на изборите.

Запрашан за што најмногу се жалат граѓаните, Димитриевски рече: „Најголемите проблеми кои ги наведуват се владеењето на правото, неказнивоста, селективната правда, нефункционална држава и финансиско-социјалната состојба во којашто е државата,а знааеме дека е многу лоша. Недостаток на уреден систем кадешто можат институционално да ги решаваат проблемите. На средбите со капетаните коишто се тука и даваат услуги на туристите рекоа дека, на пример, нема Марина каде што може да се снабдат со основната работа на прописен начин, а тоа е горивото. Со години се ветува дека ќе се реши, но реално тие децениски проблеми не се решаваат. Сметам дека нивото на организацијата во делот на туризмот треба да се подобри“, потенцира Димитриевски. Неговиот караван денеска ќе ги посети населенните места во Дебарца. Вчера претседателскиот кандидат Максим Димитриевски имаше повеќе средби со граѓаните на Вевчани и Струга, а се обрати и пред граѓаните на Охрид.

08.04.2024 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега