Димитриевски: Љубчо Георгиевски под итно треба да го врати Македонското државјанство и да се извини на народот

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски реагираше за предлогот кој го даде поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за тоа како да се реши спорот со Бугарија. 

„Акцискиот план кој што вечерва го предложи поранешниот Премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и Македонскиот народ.
Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите Македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на Македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот.
Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест под итно треба да го врати Македонското државјанство и да се извини на целиот Македонски народ.
- Го повикувам јавното обвинителство екс официо да отвори случај, спроведе истрага и доколку утвртди одговорност за ваквиот предлог кој е против уставен да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок.
- Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови.
Во оваа прилика ќе потсетам на зборовите на Гоце Делчев:
„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како Македонскиот", напиша Димитриевски.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега