Димитриев за Силјановска: И во минатото ВМРО донесе одличен претседател - Борис Трајковски

Емил Димитриев, премиерот на техничката влада на Македонија, во контекст на прашањето какви и се шансите на Гордана Силјановска Давкова за победа на претседателските избори рече дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ дала одличен шеф на државата во Борис Трајковски.

- Интересна е дилемата, како гласачкото тело кое е позиционирано центар-десно од идеолошки аспект и секогаш е побројно од левицата, не испрофилира не едно туку повеќе квалитетни решенија за претседател на државата. Нешто што само ми ја потврдува лошата состојба во опозицијата, која во последните две-три години изобилува со неосновани меѓусебни пресметки и дисквалификации. Да не заборавиме, ВМРО-ДПМНЕ во минатото ѝ даде на Македонија одличен претседател, член на партијата, но со висока државничка свест – зборувам за покојниот Борис Трајковски, рече Димитриев во интервју за „Независен“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2019 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега