Димитриев: ВМРО-ДПМНЕ беше најголем губитник од настаните од 27 април

 

За собраниските настани денеска сведочеше поранешниот технички премиер Емил Димитриев. Тој истакна дека како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ немало одлука за поддршка за протестите и оти ги поддржувале само пораките од протестите, пренесува „Република“.

Димитриев посочи дека на 27 април немал никаква комуникација со Вељаноски, Ристовски и Јанакиески

Како претседател на техничката влада рече дека едвај чекал да заврши бидејќи била нефункционална и со блокирано Собрание.

„Настаните од 27 aприл ѝ нанесоа голема штета на државата и фрлија црна дамка. Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ беше најголем губитник од настаните“ – рече Димитриев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2021 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега