Димитриеска-Кочоска: Последиците од вториот ТАТ значат 20-тина милиона евра кои ќе останат необештетени

Пропаѓањето на Еуростандард банката е огромен скандал и неуспех на македонската влада. За кус период се покачи цената на струјата, се потроши еврообврзница од 800 милиони евра на непродуктивни трошења, ниту една буџетска дупка не се затвори, а денес под директен ризик со пропаста на банката се 55 илјади граѓани кои примаат пензии и социјална помош од Еуростандард банка.

Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателката на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска.

Според неа, сега државата ќе треба да санира дупка од 70 милиони евра.

-Според одредени информации непокриени, односно пари кои нема да бидат обештетени остануваат дваесетина милиони евра. Повторувам дваесетина милиони евра ќе останат необештетени.    Значи имаме втор октопод, втор ТАТ, а на површина излегува и втор министер во тренерки како од деведесетите години. Освен тоа индиректните последици се уште поголеми. Се нанесува огромна штета и на македонска поштакоја работи преку системот и услугите на Еуростандард банка која сега се затвора. Прво, следува нов бран на отпуштања, 170 вработениод Еуростандард банка остануваат без работа, под ризик се и неколку стотина вработени во македонска пошта што работеа на платниот промет. Второ, освен Еуростандард банка сега и македонска пошта ќе се соочи со ликвидносни проблеми затоа што ќе немаат редовни приливи. Трето, под ризик за стечај се и најголемите клиенти на Еуростандард банка чии депозити сега се замрзнати, а прашање е и дали ќе бидат наплатени. Четврто, со пропаѓањето на Еуростандард банката ќе се продава и недвижниот имот стекнат од аферата Фиком каде пак се оштетени десетици други семјества чиј пари се проневерени во аферата. Прашањата кои се поставуваат се, дали овде има и политика. Кој знаел од владата и дали се превземени навремени мерки? Дали се свесни дека ова е исклучително лоша порака и за други потенцијални инвеститори? На влада која и се случи пропаѓање на банка е доказ за неспособност и ставање на државата на црната листа на банкарско и финансиско портфолио, рече Димитриеска-Кочоска.

Според неа, директните и индиректните последици од вториот ТАТ значат дваесетина милиони евра кои ќе останат необештетени, нов бран на отпуштања од работа и стечај на фирми и клиенти поврзани со банката.

Димитриеска-Кочоска: Последиците од вториот ТАТ значат 20-тина милиона евра кои ќе останат необештетени

Posted by Press24.mk on Thursday, 13 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа