Централниот регистар одбележа 24 години постоење. Минстерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на одбележувањето истакна дека Централниот регистар претставува столб на економската и правната инфраструктура и е клучна алка во креирањето поволна деловна клима, унапредување на транспарентноста и заштитата на правата на правните и физичките лица.„Вмрежувањето и заедничкото градење на институционални капацитети се клуч за силно и активно граѓанско општество. За да изградиме функционална пазарна економија што се темели на знаење, иновации и одржлив развој, мора да имаме силни институции и здрава деловна клима. Токму затоа, соработката со Централниот регистар е од суштинско значење„ потенцира министерката Димититриеска-Кочоска.Таа наведе дека во изминатиот период Централниот регистар се етаблираше како доверлива и современа институција, којашто има значајна улога во изградбата на ефикасен, транспарентен и модерен институционален систем и дека преку водењето на различните регистри обезбедува темелна поддршка за функционирањето на пазарната економија, заштитата на инвестициите и довербата во институциите и придонесува за зголемена правна сигурност и побрз економски развој.Министерката истакна дека со цел обезбедување статистички податоци и показатели за државната економија, кои ќе се користат за пресметка на индикаторите за мерење на обемот и за редовно следење на неформалната економија, ќе се работи на усовршување на системите за генерирање, следење и мерење на показателите за правните субјекти, кои имаат влијание во формирањето поволна деловна клима за инвеститорите.Димитриеска-Кочоска ја потенцира и важноста на Централниот регистар во борбата против сивата економија, зголемувањето на фискалната дисциплина и унапредувањето на деловната етика.„Мисијата на Министерството за финансии е преку успешно управување на јавните финансии да се постигне повисок економски пораст и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Македонија. Во таа насока се преземени голем број иницијативи за подигање на нивото на финансиска писменост на населението и за поголема финансиска вклученост во земјата, особено на младите. Во таа насока ги поздравувам иницијативите и на Централниот регистар сè со цел да дадеме сè од себе како институции во процесот на охрабрување на младите да водат сопствен бизнис“, рече министерката за финансии Димитриеска-Кочоска на одбележувањето 24 години од формирањето на Централниот регистар на Македонија.На свеченоста се обратија и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорката на Централниот регистар Анита Стамнова.
- Оваа навика ја смее Кејт Мидлтон во палатата: „Вилијам и децата само се кријат“
- Вооружени турски авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор, тврдат властите на Грција
- САД и Ерменија потпишаа договор за стратешко партнерство
- Стоилковиќ: Платформата за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа пример за создавање нови можности
- Стефковски: Гази Баба станува нов логистички центар за македонското земјоделство
- ФОТО: Автомобил се преврте на улица – заврши во двор од куќа
- Николоски: Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на соработка на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување
- Мицкоски од Охрид: Нема повеќе идентитетски отстапки за ЕУ, подготвени сме да ја платиме цената



