Дилери од Прилеп уапсени кај Сопот

Полицијата уапси двајца дилери од Прилеп во близина на патарината кај Сопот.

-Вчера во попладневните часови, на автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната рампа кај с.Сопот, полициски службеници од Одделот за кримниналистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Велес ги лишија од слобода А.К.(44) од Прилеп, кој управувал патничко возило „опела зафира“, во кое сопатник бил А.Т.(30) од Прилеп, бидејќи при извршен преглед е пронајдено поголемо полиетиленско пакување со хероин, појаснуваат од МВР.

Лицата се приведени во полициска станица и по насока на Јавен обвинител против нив ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од Кривичниот законик. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа