ДИК во тајност одлучува како ќе изгледа гласачкото ливче на референдумот

Во тајност се чува изгледот на гласачкото ливче за референдум. Од безбедносни причини, членовите на ДИК ги отстранија новинарите од салата во моментот кога на дневен ред дојде точката со која треба да се утврди како ќе изгледа гласачкото ливче. Него ќе го печати битолската печатница Киро Дандаро а сумата, како што информираа од ДИК ќе биде значително пониска од оние суми кои до сега се плаќале.
Референдумот ќе се спроведува на 3399 избирачки места, откако во 81 избирачко место се утврдило дека има помалку од 10 гласачи, па тие, ќе бидат споени со најблиските избирачки места каде што се задоволува овој услов.
ДИК информираше дека од утре стартува и со медиумска кампања со која ќе ги информира гласачите за референдумот и ќе им ги предочува нивните права.
За референудмот, како што велат од ДИК, пријавени се околу 6.000 набљудувачи.

 

 

 

14.09.2018 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега