ДИК со новина на овие избори за сите нејаснотии: Гласањето без проблеми

Државната Изборна Комисија денеска на прес-конференција додека гласаат старите, болни и изнемоштени лица, раселени и затвореници, истакна дека до сега гласањето се одвива непречено без никакви проблеми.

Љупка Гугучевска од ДИК соопшти дека гласањето се одвива тековно и без проблеми. 

Денешното гласање во затворите се одвива не пречено и до 10 часот правото на глас го искористиле 22 проценти.

-Во 13 КПУ право на глас имаат 1.640 лица. Сите места се отворени на време и гласањето тече без никакви проблеми, истакна Гугуческа.

Прв пат за претседателските избори се гласа и во два старечки дома, и притоа 71 лица имаат право да искажат својата поддршка.

Новина е и тоа што за граѓаните со оштетен слух ДИК го отвора телефонскиот број 076/488-360 на кој преку видео повик ќе биде одговорено секое прашање.

Следната прес-конференција е во 20 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.04.2019 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега