ДИК се прогласи за ненадлежна - одлуката на Чулев е легална

ДИК се прогласи за ненадлежена за да го реши спорот меѓу министерот Чулев и неговата дополнителна заедничка Петровска во врска со именувањето на новиот шеф на СВР Скопје.

Со едногласна одлука членовите на ДИК констатираа дека не станува збор за прашање поврзано со правни финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите.

Со оваа одлука ДИК практично утврди дека именувањето на Ристо Ставревски за нов началник на СВР Скопје потпишана од техничкиот министер Чулев е легална.

 

Една седмица по изборот на новата техничка влада почнаа кадровските промени, во согласност со Пржинскиот договор. Во МВР во петокот беа назначени 12 раководители и 12 дополнителни заменик-раководители на сектори и оддели, во согласност со член 44 од Законот за Влада на Република Македонија. Сепак, министерот Чулев и дополнителната заменик-министерка Петровска не се договорија за позицијата раководител на СВР – Скопје.

 

Како што изјави Претседателот на ДИК Оливер Дерковски за одлуката на Чулев за именување на Стсврески за началник на СВР Скопје не бил потребен врзан потпис.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега