ДИК: Обработени 93,96 од гласовите-распределбата на мандатите ќе се знае утре

Според најновите информации што доаѓаат од ДИК, на 93,96 отсто обработени избирачки места, владејачката СДСМ има над 10.000 гласови предност пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ односно Можеме има 36,13 отто, ВМРО-ДПМНЕ има 34,65, ДУИ 11,57 отсто, Алијанса има 8,79 отсто, Левица 3,96 отсто, ДПА 1,48 отсто, Интегра 1,33 отсто, ГДУ 0,37 отсто, МОРО 0,36 отсто, Глас за Македонија 0,33 отсо, СДУ 0,27 отсто. 

Или СДСМ има 272.881 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 262.168.

Додека, пак, разликата меѓу ДУИ и Алијансата е околу 20 илјади.

Денеска нема да се соопшти распределбата на мандатите, туку утре, откако ќе се направат сте потребни проверки. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 01:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа