ДИК најави резултати во 23 часот

Гласањето во услови на Ковид-19 на овие парламентарни избори ќе заврши два часа подоцна од вообичаеното време, односно избирачките места ќе бидат затворени во 21 часот.

Портпаролот на Државната изборна комисија најави резултати два часа по затворањето, во 23 часот.

„Кога ќе заврши гласањето во 21 часот, има процедури за пополнување обрасци по што ќе почне електронската дистрибуција на податоците до ДИК. Нашите пресметки се дека најдоцна до 23 часот ќе имаме значен број обработени податоци“, рече портпаролот Шабани.

До затворање на избирачките места останува помалку од половина час.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега