ДИК на Црна Гора: ДПС 35,12, „За иднината на Црна Гора“ 32,52 проценти од гласовите

Државната изборна комисија на Црна Гора (ДИК) објави прелиминарни резултати врз основа на 98,55 од обработениот примерок, според кои Демократската партија на социјалистите освои 35,12, а коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 32,52 проценти од гласовите.

Коалицијата „Мирот е наша нација“ освои 12,55 проценти, „Црно на бело“ 5,57, Социјалдемократите 4,09, Бошњачката партија 3,81, СДП – Силна Црна Гора 3,14, Албанската листа 1,61 и Албанската коалиција Едногласно 1,16 проценти.

Хрватската граѓанска иницијатива освоила 0,27 проценти, а Хрватската реформска партија 0,13 проценти од гласовите и според овие резултати на ДИК, тие не го поминаа цензусот.

Гласале 76,68 проценти од регистрираните избирачи, од кои 403.642 се важечки гласачки ливчиња.

Вчерашните парламентарни избори во Црна Гора беа единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во земјата и петти по прогласувањето на независност.

Парламентарните избори ги следеа 2.089 набљудувачи, од кои 265 странски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.08.2020 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега