ДИК: Граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список до 11 март

Јавниот повик за проверка на податоците од Избирачкиот список е отворен и граѓаните ќе може да вршат увид до 11 март, информираат од Државната изборна комисија.

Барањата за упис или измени на Избирачкиот список граѓаните може да ги поднесат електронски или писмено до канцелариите на ДИК и во некоја од подрачните канцеларии.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски, ги повика сите граѓани да проверат дали се на Избирачкиот список и тоа да го направат до 11 март.

ДИК на денешната јавна седница, го усвои и правилникот за собирање потписи за поднесување кандидатски листи за учество во изборната трка.

Собирањето на потребните потписи се врши од денеска до 6 март во канцелариите на ДИК или на овластен нотар. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега