Ден пред главното гласање за градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, изборниот процес започна денеска со изјаснување на болните и немоќни лица, како и лицата во казнено-поправните установи.

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК), вкупно 249 болни или немоќни лица го остваруваат своето право на глас во домашни услови. Најголем број од нив се во Гостивар – 146 лица. Во општина Маврово и Ростуше пријавени се 69, во Врапчиште 32, додека во Центар Жупа ќе гласаат само две болни лица.

Паралелно, во седум затвори низ државата се спроведува гласање за 94 лица кои се жители на овие општини, а се наоѓаат на издржување казна затвор или притвор. Од ДИК информираат дека гласањето кое започна утринава во 07:00 часот се одвива непречено и без никакви проблеми.

Exit mobile version