ДИК ги соопшти општините со најголема излезност

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски на прес-конференцијата ги соопшти општините во кои има најголема излезност.

 

-Доста висока излезност има во општината Аеродром во Скопје во првата изборна единица, каде што гласале над 17,6 отсто. Исто така, има висока излезност и Карпош -17,7 отсто, Кисела Вода – 16,81. Од Втората изборна единица Бутел со 14, 76 отсто е повисока излезноста. Во третата изборна единица 19,03 има изленост во Градско, Крива Паланка скоро 17 отсто, Лозово – 17,03. Во Пробиштип има 20,69 проценти излезеност до 11 часот, што е навистина одлично, рече претседателот на ДИК.

Во ИЕ 4 висока излезност, како што соопшти, има во Дојран – 17,83 проценти. 

-Во Демир Капија 20,77, а во Новаци 20,52 отсто, Прилеп 16,55 отсто до 11:00 часот.  Во ИЕ 5 – Битола 16,91 отсто, Демир Хисар 21,33 отсто и Охрид 13,16 отсто, рече Деркоски.

Во Шестата изборна единица излесноста, како што кажа Деркоски, се движи од 6-7 отсто. Највисока излезност има во Тетово и тоа 8,13 отсто. 

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи во Шест изборни единици.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега