ДИК ги отфрли приговорите од Левица поради недоставени докази, партијата го призна пропустот

Државната изборна комисија на денешната седница ги одби сите шест приговори на Левица поради тоа што партијата во прилог не доставила материјални докази.

Претставникот на Левица призна дека се работи за пропуст, но објаси дека како помала партија без многу ресурси не можат да ги обучат своите кадри и набљудувачи, но сакаат да укажат на неправилности.

Предходно ДИК со 4 гласа „против“ и 3 „за“ го отфрли приговорот на коалицијата на Алијансата за Албанците (АА) и Алтернатива за избирачкото место 543 во Дебар, со кој се бараше поништување на гласањето на ова избирачко место.

ДИК не го прифати ниту приговорот на движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП/ДОМ, а ги отфрли и приговорите на Демократската партија на Турците.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ги повлекоа своите приговори за гласањето во првиот круг на локалните избори.

 

21.10.2021 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега