ДИК ги објави резултатите од 65% од гласовите и која партија е во водство

ДИК ги објави резултатите од 65 отсто од обработените гласови. Според информациите на ДИК, СДСМ е во водство со 36,78 отсто од гласовите, а ВМРО-ДПМНЕ има 35,75 проценти поддршка.

ДУИ води во албанскиот блок со 10,31 отсто, а Коалицијата меѓу Алијанса на Албанците и Алтернатива освоила 8,13 проценти од гласовите. 

Потоа следат Левица со 4,16 отсто, Интегра со 1,33 и ДПА со 1,33 проценти. Сите останати листи досега освоиле помалку од 1 процент.

 

Веб страницата на ДИК во моментот не работи, а оттаму велат дека станува збор за технички проблем. ИТ експерти се обидуваат да го решат проблемот со веб страницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега