Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски се наоѓа во Давос, а денес имале многу успешни и инспиративни средби со голем број мултинационални компании.

Теми коишто беа опфатени се темите од областа на енергетиката, здравството и високата технологија.

-Се разбира од наша страна беа претставени можностите за инвестиции во Македонија, во македонската економија, нешто што ќе значи додадена вредност за македонските граѓани. На она на коешто посебно би сакал да се задржам е вториот дел од денот, односно панелот за енергетика каде што бев активен учесник и говорник заедно со секретарот за енергетика на САД г. Рајт. Панел на коешто учество зема буквално светското водство во енергетскиот бизнис, компании коишто доаѓаат од сите континенти, компании чиишто обрти се движат во рамките на илјадници милијарди. Таму разговаравме за очекувањата и плановите за развој на енергетиката во годините коишто следат, енергетиката од областа на производство на електрична енергија, зошто токму областа на производство на електрична енергија, посочи премиерот

Exit mobile version