Дeвојка во САД смртно застрелана додека играла „Покемон гоу“

Двојка од САД била сведок на вооружен грабеж, додека играле „Покемон гоу“. Во тие мигови, девојката била и застрелана, по што починала.

Кејла Кампос (21) и нејзиното момче во тоа време биле во возење во Албакерки, Њу Мексико, САД. Таа била зад воланот, па кога ги забележале двајцата вооружени ограбувачи кои целеле кон друго возило, се обидела да избега од местото.

Тогаш напаѓачите пукале кон девојката и избегале од местото на настанот. Нејзиното возило се забило во куќа, а таа починала на самото место.

Според полициските извештаи, момчето изјавило дека во тој миг тие биле во лов на покемони.

До синоќа напаѓачите не се пронајдени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега