Девојка се пофалила со добитното ливче на Фејсбук - полицијата ја добила најчудната пријава

Полицијата во хрватска добила чудна пријава од 27 годишна девојка која била измамена за повеќе стотина хрватски куни.

Имено девојката на 17 јануари откако дознала дека остварила добивка во спортска обложувалница ја објавила фотографијата од добитното ливче на социјалните мрежи, а кога заминала во обложувалницата по парите таа не можела да ги подигне, бидејќи тоа некој претходно го направил.

Полицијата сега го бара непознатото лице кое ја направило оваа измама, а во меѓувреме апелира до граѓаните да не објавуваат секаков вид на информации на социјалните мрежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2019 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега