Девојче од Сараево ѝ испратило писмо на кралицата Елизабета - добило и одговор

Асја Исовиќ е 9-годишно девојче од Сараево. Таа решила да ѝ прати разгледница на кралицата Елизабета и песна, а сосема неочекувано добила и одговор.

-Пристигна одговорот на Нејзиното Височество. Не можам да верувам дека се случи ова. Ова ќе биде една од најубавите работи во мојот живот, стои во описот на фотографијата со одговорот што ја споделила Асја.

Во писмото што го добила стои:

„Кралицата побара да ти се заблагодарам за рачно изработената разгледница, песната и прекрасните цртежи што ѝ го испрати на Нејзиното Височество.

Иако таа не е во можност лично да ти одговори, кралицата е воодушевена од твоето внимание и ги цени времето и трудот што си ги одвоила за да ги направиш разгледницата и подароците.“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега