Девет странци уапсени во Иран поради демонстрациите против носењето хиџаб

 

Девет странци се уапсени во Иран во врска со големите демонстрации против носењето хиџаб во таа земја, соопшти Министерството за разузнавање.

Во соопштението пренесено од државната новинска агенција „Ирна“, министерството тврди дека меѓу уапсените има државјани на Германија, Полска, Италија, Франција, Холандија и Шведска.

Властите на Иран сметаат дека странците ги поттикнале протестите, кои не престануваат веќе две недели.

Протестите беа предизвикани од смртта на 22-годишната девојка која почина во притвор откако беше приведена поради наводно несоодветно носење хиџаб.

Додека полицијата тврди дека Армини починала од срцев удар, нејзиното семејство смета дека причина за смртта е тепање во затвор, што властите го демантираат и велат дека истрагата за случајот е во тек.

Протестите ги налутија иранските исламски власти, при што демонстрантите тврдат дека нивните собири се спонтан бунт против строгите правила за облекување, вклучително и задолжителниот хиџаб наметнат на жените.

Организациите за човекови права проценуваат дека иранските безбедносни сили убиле најмалку 52 лица од почетокот на протестите, со огнено оружје или со тепање.

30.09.2022 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега