Девет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Девет лица се полесно повредени во пет од вкупно 11 сообраќајки евидентирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајни незгоди причинета е материјална штета.

Санкционирани се 31 возач кои се движеле со поголема брзина од дозволеното, исклучени се од сообраќај 24 лица пред да се стекнат со право на возење, како и 13 нерегистрирани возила.

Изречени се 75 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 63 возила.

Четворица возачи поминале крстосница на црвено светло, 16 не носеле сигурносен појас, 20 зборувале на мобилен, седум се престроиле неправилно.

Во текот на денот Одделението за Превенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ во ЈУДГ „Детска Радост“ објект„ Темјанушка “ на подрачјето на општина Гази Баба.

Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден во ПСОН Кисела Вода реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2019 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега