Детектор: Само една петина од граѓаните добиле зголемување на платата во последната година

Само еден на петмина граѓани добил зголемување на личниот доход во последната година, покажува најновата анкета на Детектор изработена од Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа. 19% од граѓаните рекле дека платата им била зголемена во последната година. Пред две години зголемување добиле 9,9% од анкетираните а 11,3% последен пат покачување добиле пред три до пет години.
11,1% од анкетираните не се сеќаваат кога последен пат им била зголемена платата а на 10,5% тоа никогаш не им се случило. 17,7% од анкетираните граѓани рекле дека не се вработени.

Анкетата на Институтот за политички истражувања – Скопје е спроведена телефонски во периодот од 25 до 29 октомври годинава врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2019 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега