Детектор: Повеќе од половина од граѓаните не можат да го поминат месецот без да се задолжат

Повеќе од половина од граѓаните во Македонија не можат да го поминат месецот без задолжувања, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 51,7% од анкетираните велат дека мораат да се задолжат за да можат да го поминат месецот, додека 45,3% се на ставот дека можат да живеат без задолжување.
63,8% од граѓаните велат дека при изборот каде да се задолжат приоритет им даваат на оние банки и финансиски институции што нудат најниски каматни стапки, додека 11,9% од анкетираните велат дека кредит земаат онаму каде што знаат дека најлесно ќе им биде одобрен.
52,3% од анкетираните велат дека лесно се зема кредит, додека 22,2% не се согласуваат со ова тврдење.
Во споредба со минатото, 42% од анкетираните мислат дека денеска е полесно да се земе кредит, 18,7% сметаат дека условите се исти додека 15,3% сметаат дека порано, полесно се земало кредит. 

Анкетата за Детектор ја подготви Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1083 испитаници во периодот меѓу 28 и 31 јануари оваа година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега