Детектор: Покрај вирусот граѓаните најмногу ги плаши економската криза


Покрај можноста да се заразат, граѓаните најмногу се плашат од економската криза која што ја предизвикува корона вирусот,покажуваат резултатите од најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 38,8% од граѓаните велат дека покрај можноста да се заразат најмногу се исплашени од економската криза. 15,3% стравуваат од можен колапс на здравствениот систем. Кај 10,7% најголема загриженост претставува можниот недостаток на храна и лекови, а 5,6% стравуваат за своето работно место.

 

Анкетата покажува дека граѓаните очекуваат помош и од НАТО и од Европската Унија за справување со последиците од корона вирусот.

44,4% сметаат дека земјава ќе добие помош од НАТО додека 27,1% сметаат дека помош нема да има.

 

Од Европската Унија помош очекуваат 43,1% додека 27,4% сметаат дека земјава нема да добие помош.

Анкетата по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март оваа година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега