Детектор: Огромна поддршка од граѓаните за мерките за справување со корона вирусот

Граѓаните даваат огромна поддршка на мерките кои надлежните ги спроведуваат за заштита од корона вирусот. 

60,7% од граѓаните сметаат дека мерките се соодветни, 20% дека тие не се доволни а 12,6% дека се престроги.

 

Речиси сите мерки, освен полицискиот час имаат поддршка од над 90 од граѓаните. Најголема поддршка од 93,8% од анкетираните имаа мерката за забрана на јавни собири, 92,6% го поддржуваат одложувањето на изборите, 92,2% затворањето на кафулињата и рестораните.

91,6% даваат поддршка за запирањето на образовниот процес а 90.9% за затворање на границите и аеродромите.

87,6% поддржуваат казни за непочитување на задолжителната изолација а 87,2% на мерката за забрана за движење од еден во друг град.

Најмала е поддршката за полицискиот час од 74,8%.

Анкетата по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март оваа година

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега