Детектор: Мнозинството граѓани сметаат дека за пристоен живот треба просечна плата меѓу 400 и 500 евра

Мнозинството граѓани сметаат дека за пристоен живот, просечната плата треба да биде меѓу 25.000 и 30.000 денари, покажува најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, 26,7% од граѓаните се на став дека за пристоен живот треба просечна плата меѓу 25.000 и 30.000 денари. 20,9% се на ставот дека за пристоен живот треба просечна плата меѓу 30.000 и 35.000 денари. За 20,2% оптималната просечна плата се движи меѓу 35.000 и 40.000 денари. 10,9% сметаат дека за пристоен живот просечната плата треба да биде меѓу 40.000 и 45.000 денари. 9,8% велат дека просечната плата треба да биде околу 25.000 денари а само 7,9% над 45.000 денари.

Институтот за политички истражувања за потребите на Детектор истражувањето на јавното мислење го спроведе телефонски во периодот меѓу 25 и 29 минатиот месец врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2019 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега