Детектор: Граѓаните сметаат дека докторите треба да бидат приоритет за зголемување на платите

Докторите и медицинскиот персонал треба да бидат приоритет кога станува збор за зголемување на платите во јавниот сектор, односно во оние институции кои се финансираат со парите на граѓаните.

Дури 39% од анкетираните рекле дека здравството треба да биде приоритет кога се зголемуваат платите во јавниот сектор. 19,4% се определиле за образованието, 6,8% за јавната администрација, 3,7% за полицијата. Само 3,1% од граѓаните како приоритет ја ставаат војската а 2,4% правосудството.
13,9 од граѓаните сметаат дека никој не треба да добие поголема плата.

Речиси 60% од граѓаните се согласуваат и на зголемување на пензиите додека 25,6% се против.
Меѓу пензионерите очекувано бројката е 88,3% за зголемување и 5,6% против.
Институтот за политички истражувања за потребите на Детектор истражувањето на јавното мислење го спроведе телефонски во периодот меѓу 25 и 29 минатиот месец врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2019 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега