Детектор: Граѓаните очекуваат членството во НАТО да го забрза зачленувањето во ЕУ


Граѓаните очекуваат членството во НАТО да го забрза процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија. Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое за потребите на емисијата Детектор, на Сител ТВ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 43,3% од анкетираните сметаат дека членството во НАТО побрзо ќе не донесе до членство во Европската Унија , наспротив 32,8% од граѓаните кои се убедени во спротивното.

Поголем оптимизам има меѓу мажите. 49,5% од нив очекуваат членството во НАТО да биде акцелератор во евроинтегративниот процес за разлика од 37,2% од жените кај кои владее овој оптимизам.
Анкетата по нарачка на Детектор е спроведена од Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 16 до 19 ноември оваа година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега