Детектор: Граѓаните им веруваат на македонските доктори

Близу две третини од граѓаните имаат доверба во способноста и капацитетот на македонските доктори соодветно да го дијагностицираат и лекуваат корона вирусот, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 64,4% од анкетираните граѓани сметаат дека македонските доктори имаат капацитет соодветно да го дијагностицираат и лекуваат корона вирусот, додека 14,3% се убедени во спротивното.

 

Поделени се мислењата кога станува збор за тоа дали македонското здравство има доволно ресурси за да се справи со короната. 42,8% од анкетираните сметаат дека здравството има доволно ресурси додека 34,2% сметаат дека нема.

 

Анкетата по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март оваа година. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2020 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега