Детектор анкета: За да го преживее месецот на едно четиричлено семејство му требаат од 30 до 35.000 денари

Меѓу 500 и 600 евра му требаат на едно просечно семејство за да го преживее месецот, покажува последното истражување на јавното мислење кое по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 38,5% од анкетираните граѓани сметаат дека за да се задоволат основните месечни потреби на едно семејство од 4 члена, потребни се меѓу 30.000 и 35.000 денари.
24,8% сметаат дека месецот четиричлено семејство може да го помине и со сума меѓу 25.000 и 30.000 денари. 19% се на став дека месечно за едно просечно семејство да ги покрие основните потреби требаат меѓу 35.000 и 40.000 денари.
7,2% од анкетираните за да поминат месец со своето семејство им требаат меѓу 40.000 и 45.000 денари додека 5,4% сметаат дека за истите потребни неопходни се над 45.000 денари.

Институтот за политички истражувања за потребите на Детектор истражувањето на јавното мислење го спроведе телефонски во периодот меѓу 25 и 29 минатиот месец врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2019 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега