Детектор анкета: Речиси 60% од граѓаните не можат да си ги покријат месечните трошоци со платата

Близу две третини од граѓаните не можат да си ги покријат месечните трошоци со своите месечни примања, покажува најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, 59,3% од анкетираните велат дека не можат да си ги покријат месечните потреби со својата месечна плата. 32,9% од анкетираните велат дека заработуваат доволно за да можат да ги покријат своите месечни потреби со своите приходи.
Интересно е што најголем проблем да си ги покријат своите потреби покрај оние кои се со најниски примања имаат и граѓаните кои велат дека имаат месечен приход над 60.000 денари.
Па така, 70,2% од граѓаните со примања под 20.000 денари месечно не можат да си ги покријат месечните трошоци со своите приходи, додека 25,4% од овие граѓани велат дека и со 20.000 денари можат да го поминат месецот.
Дури 63,4% од оние се месечни примања над 1000 евра велат дека не можат да си ги покријат месечните трошоци, додека 34,1% велат дека имаат доволно приходи за да ги покријат месечните потреби.
53,2% од граѓаните со плата меѓу 20.000 и 40.000 денари велат дека не можат да си ги покријат месечните трошоци, додека 38,9% од нив велат дека го немаат тој проблем.
Помалку од половина или 49,6% од анкетираните со примања меѓу 40.000 и 60.000 денари велат дека не можат да си ги покријат месечните трошоци со платата додека 50,4% од ни велат дека го немаат овој проблем.
Анкетата за Детектор ја подготви Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1083 испитаници во периодот меѓу 28 и 31 јануари оваа година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега