Детектор анкета: Повеќе од половина плата граѓаните ја користат само за да се прехранат

Најголем дел од граѓаните трошат половина од својот месечен буџет само за да се прехранат, покажува последната анкета која за Детектор ја изработи, Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, скоро 40% од граѓаните трошат половина од својот месечен буџет за храна. Нешто помалку од 30% од граѓаните трошат дури две третини од месечните примања за да се прехранат себе си и своето семејство.
12,4% од граѓаните на храна трошат само една четвртина од платата додека 12,8% анкетирани за прехранбени производи трошат се што ќе заработат.

Во споредба со анкетата која ИПИС за Детектор ја спроведе во јуни годинава, куповната моќ на граѓаните се намалила.
Па така, ако во јуни 34% од граѓаните трошеле половина од својата плата за храна, сега оваа бројка скокнала на 39,7%. За 5 процентни поени, од 23,6% на 23,8% за 5 месеци скокнала и бројката на граѓани кои трошат дури 75% од платата на храна. Од 17,2% во јуни, сега само 12,4% трошат една четвртина од платата за храна.

Благо намалување има и кај граѓаните што ги трошат сите пари кои ги примаат само за да се прехранат.
Анкетата на Институтот за политички истражувања е спроведена телефонски во периодот од 25 до 29 октомври годинава врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2019 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега