Детектор анкета: Пензионерите најмалку се плашат од економската криза

Граѓаните кои се на средина од својот животен век покрај можноста да се заразат најмногу ги загрижува економската криза предизвикана од корона вирусот, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа дури 48,6% од граѓаните меѓу 40 и 49 години велат дека покрај можноста да се заразат, најмногу се плашат од економската криза. Граѓаните кои се помлади но и постари од оваа група велат дека се нешто помалку загрижени за економијата.

Најмалку за економијата се грижат најстарите. Само 27,1% од анкетираните над 60 години велат дека економската криза е најголемиот проблем ако се исклучи можноста да се заразите со вирусот.

39,1% од младите до 29 години велат дека најмногу ги загрижува економската криза покрај здравствената. Ваков став имаат 44,8% од граѓаните меѓу 30 и 39 години и 36,6% од оние кои се на возраст од 50 до 59 години.

Анализирано според местото на живеење, најголема загриженост за економската криза има во источниот регион каде 48,2% од граѓаните велат дека покрај можноста да се заразат најмногу се плашат од економската криза. Овој процент паѓа на 45,6% во скопскиот и 43,2% во полошкиот регион.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март со маргина на грешка од плус-минус 3%.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2020 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега