Детектор анкета: Паѓа квалитетот на образованието

Мнозинството граѓани не се задоволни од квалитетот на образованието, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања Скопје спроведена за потребите на Детектор. 

Според неа, 51,6% од граѓаните велат дека образованието во земјава не е квалитетно. Наспроти нив, 44,8% од анкетираните се на став дека во Македонија има квалитетно образование. 

Во споредба со резултатите од истражувањето на јавното мислење кое за Детектор, Институтот за политички истражувања ја спроведе во мај годинава, може да се забележи значителен пад на процентот на задоволни граѓани и за речи си ист толкав процент раст на оние кои манифестираат незадоволство. Исто така, анализата на резултатите покажува дека во последната анкета, поголемиот број од граѓаните не се задоволни од квалитетот на образованието за разлика од истражувањето во мај, кога бројот на оние кои сметаат дека образованието е квалитетно беше поголем. 

Па така, од 49,2% граѓани кои во мај сметале дека образованието е квалитетно процентот паднал на 44,8%. Истовремено, од 46,3% граѓани кои во мај сметале дека образованието е неквалитетно, сега бројката пораснала на 51,6%.

Гледано по региони, за неквалитетно образованието во земјава го сметаат 69,2% од граѓаните од вардарскиот регион, 57,8% од југоисточниот и близу 53% во источниот. 

Според поголемиот дел од граѓаните, повеќе пари за наставниците нема да значи и поквалитетно образование. Анкетата покажува дека 46,1% од граѓаните сметаат дека најавеното зголемување на платите на наставниот кадар нема да донесе зголемување на квалитетот на образованието во земјава, за разлика од 32,4% кои се на став дека зголемените плати ќе ги мотивираат наставниците и тоа ќе донесе поквалитетно образование. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега