Детектор анкета: Најголем дел од граѓаните велат дека денеска живеат полошо отколку пред 5 години

Повеќе од една третина од граѓаните велат дека денеска се живее полошо отколку пред 5 години, покажуваат податоците од најновата анкета која по нарачка на Детектор ја изработи Институтот за политички истражувања Скопје

Според неа, 33,5% од граѓаните велат дека пред 5 години живееле подобро отколку денеска. 32,3% од анкетираните велат дека нема никаква промена додека 23,7% од граѓаните сметаат дека животот денеска им е подобар отколку пред 5 години.
Евроатланските интеграции внесуваат оптимизам кај мнозинството граѓани дека стандардот ќе биде подобар.
41,3% на граѓаните сметаат дека со зачленувањето во НАТО во земјава ќе се подобри и животниот стандард. 46,5% се надеваат дека повеќе пари за живот ќе има тогаш кога Македонија ќе ги почне преговорите за членство во Европската Унија.

Анкетата на Институтот за политички истражувања е спроведена телефонски во периодот од 25 до 29 октомври годинава врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2019 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега