Детектор анкета: Мнозинството граѓани очекуваат Македонија да стане членка на Европската Унија во наредните 5 години

Македонија ќе стане членка на Европската Унија во наредните 5 години, сметаат 27,2% од анкетираните во истражувањето на јавното мислење кое за потребите на емисијата на Сител, Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.  Голем е процентот на граѓани кои мислат дека земјава никогаш нема да биде дел од Европската Унија. Таков став делат 22,7% од анкетираните.
15,4% се најголеми оптимисти и сметаат дека Македонија ќе влезе во Европската Унија веќе наредната година.
12,6% очекуваат членство во наредните 10 години додека 9% од анкетираните мислат дека земјава ќе стане дел од европското семејство за 15 години.
Во врска со датумот за старт на преговорите, најголем дел од анкетираните се песимисти.
Една четвртина од граѓаните или 24,6% се убедени дека Македонија никогаш нема да добие датум за старт на преговорите.
22,3% мислат дека тоа ќе се случи во наредните 5 години. Остатокот од граѓаните се поделени меѓу датум за преговори следната пролет и до крајот на идната година.
16,7% од анкетираните очекуваат преговорите да почнат следната пролет додека 16,9% мислат дека тоа ќе се случи до крајот на идната година. 

 

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена телефонски, во периодот од 14 до 17 септември, годинава, врз репрезентативен примерок од 1109 испитаници

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2019 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега