Детектор анкета: Мнозинство граѓани сметаат дека имаме најлошо образование во регионот

Најголемиот дел од граѓаните сметаат дека земјава има најслаб квалитет на образованието меѓу земјите од регионот, покажува последната анкета која за Детектор ја изработи Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 40,1% од анкетираните граѓани сметаат дека во споредба со земјите од регионот Македонија има полош квалитет на образованиот процес. 29,8% од граѓаните се на став дека образованиот процес во земјава е сличен со оној во земјите од регионот, додека само 10,4% сметаат дека во Македонија има поквалитетен образовен процес во споредба со соседите. 

Сепак, последното ПИСА тестирање покажа слаби резултати, рангирајќи ја земјава на дното во регионот, а зад нас беше само Косово. 

Најголем дел од граѓаните во анкетата на Детектор причината за тоа ја лоцираат во несоодветниот наставен кадар и лошата наставна програма. 23,7% од анкетираните велат дека причина за лошите резултати лежи во несоодветните наставници а 22,2% во лошата наставна програма. 

13,6% велат дека причина за тоа се лошите услови во училиштата а 6,5% неквалитетните учебници.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје за потребите на Детектор е спроведена телефонски во периодот меѓу 16 и 19 ноември годинава врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега