Детектор анкета: Граѓаните сметаат дека Македонија е високо задолжена држава


Граѓаните ја карактеризираат Македонија како високо задолжена држава, покажува последното истражување на јавното мислење кое по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 56,5% од граѓаните сметаат дека земјава е високо задолжена. 19,2% од анкетираните граѓани мислат дека задолжувањето е умерено додека 7,3% земјава ја сметаат за ниско задолжена.
Најголем дел од граѓаните немаат информации за помошта која Македонија ја добива од европските фондови. 35,4% не знаат колку помош добива земјава, 22,5% сметаат дека таа е ниска, 19,3% ја ценат како соодветна додека само 5,9% од граѓаните сметаат дека таа е висока.
Анкетата на Институтот за политички истражувања е спроведена телефонски во периодот од 25 до 29 октомври врз репрезентативен примерок од 1109 испитаници

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2019 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега