Детектор анкета: Две третини од граѓаните се за членство на Македонија во НАТО

Две третини од граѓаните би поддржале членство на Македонија во НАТО, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 67,3% од анкетираните доколку утре би се одржал референдум би гласале за членство на земјава во НАТО, додека 14,6% од анкетираните рекле дека ќе гласаат против.
18,1% од анкетираните рекле дека немаат одговор на ова прашање.
Во споредба со анкетата која за Детектор исто така ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, но во февруари оваа година, паѓа бројот и на поддржувачи но и на противници на членството на земјава во НАТО. Па така, од 70,1% граѓани кои на референдум би гласале „За“ во февруари, бројката во ноември паднала на 67,3%. Истовремено се намалил и процентот на противници. Од 18,1% во февруари на 14,6% во последната ноемвриска анкета.
Значителен раст се бележи кај оние граѓани кои немаат одговор на ова прашање. Од 11,9% во февруари, бројот на граѓани без одговор во ноември се зголемил на 18,1%.
Анкетата по нарачка на Детектор е спроведена од Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 16 до 19 ноември оваа година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега