Детектор анкета: Денеска на младите се помалку подготвени да земат кредит за стан за да се одделат од родителите

Мнозинство граѓани сметаат дека денеска младите се помалку подготвени да земат кредит за стан за да можат да се осамостојат од своите родители, покажува најновата анкета која по нарачка на Детектор ја изработи Институтот за политички истражувања Скопје. 
Според неа, 46% од граѓаните сметаа дека денес за разлика од порано, младите се помалку подготвени да влезат во станбен кредит за разлика од порано, додека 35,2% се убедени во спротивното.

И покрај неколкуте активни мерки, 40,8% од анкетираните сметаат дека државата не нуди поволни услови за младите да подигнуваат станбени кредити, додека 35,7% сметаат дека во Македонија има поволни услови.
Кога станува збор за младите и условите кои тие ги имаат за кредитирање на нови бизниси, 36,7% од анкетираните сметаат дека државата дава поволни услови за кредитирање на бизниси на млади лица додека 37,6% мислат дека тоа не е случај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега