Дете во САД загинало откако му експлодирала граната купена во антикварница

Дванаесетгодишно дете од Вирџинија починало откако експлодирала граната што била купена во трговскиот центар Fancy Flea Antique Mall во Северна Каролина.

Експертите сметаа дека станува збор за хемиски неактивна граната Мк 2 употребена за време на Втората светска војна. И продавачот и купувачот верувале дека „гранатата не е функционална или опасна“. Детето починало на 23 декември, пишува Си-Ен-Ен.

Агенцијата за алкохол, тутун, огнено оружје и распрскувачки материи (АТФ) побарала од другите купувачи кои купиле таков вид граната во истата продавница да ги контактираат бидејќи „гранатите купени од тој добавувач може да содржат активни експлозиви и да бидат опасни за јавноста“.

Ова не е првпат граната што се сметала за неопасна, всушност да се покажа дека е активна. Во декември 2019 година, исто така во Северна Каролина, била пронајдена активна граната во фиока на дониран креденец . Волонтер ја извадил од куќата и никој не бил повреден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега