Дете ставало игли во јагоди, премиерот полуде: "10 години затвор за такви идиоти"

 

Во Австралија денеска е уапсено момче осомничено за ставање игли во јагоди наменети за широка потрошувачка, пренесоа локалните медиуми. 

Иако властите за ова кривично дело пропишуваат казна затвор до 10 години, момчето е малолетник, па ќе се соочи со многу поблага казна.

 

- "Некој идиот врши саботажа од причини само на нему познати. И сега секој идиот мисли дека може да влезе во продавница и да почне да става игли во овошјето како тоа да е шега...За такво однесување предвидена е казна затвор до 10 години", изјавил премиерот Скот Морисон.

Првиот инцидент беше забележан минатата недела во Квинсленд.

 

 

 

19.09.2018 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега